
Обрезание Господово
Стар стил 14 јануариНов стил 1 јануари
Кога се слави
Стар стил
14 јануари
Црквите што го следат стариот стил го слават овој празник на 14 јануари.
Ерусалимска патријаршија, Руска православна црква, Српска православна црква, Грузиска православна црква, Македонска православна црква
Нов стил
1 јануари
Црквите што го следат новиот стил го слават овој празник на 1 јануари.
Вселенска патријаршија, Александриска патријаршија, Антиохиска патријаршија, Романска православна црква, Бугарска православна црква, Кипарска православна црква, Грчка православна црква, Албанска православна црква
Каде што се во употреба двата стила, парохијата го следи својот календар. Полска православна црква, Православна црква во Чешките земји и Словачка, Православна црква во Америка, Православни во Украина.
За празникот
Господ наш Исус Христос, по истекот на осум дена од раѓањето, благоволи да прими обрезание. Од една страна, Тој го прими за да го исполни законот: „не дојдов да го нарушам законот, – рече Тој, – туку да го исполнам“ (Мат 5:17); зашто Тој му се покоруваше на законот, за да ги ослободи од него оние што беа во ропска потчинетост нему, како што вели апостолот: „Бог Го испрати Својот Син, Кој му се потчини на законот, за да ги откупи оние што се под законот“ (Гал 4:5). Од друга страна, Тој го прими обрезанието за да покаже дека навистина примил човечко тело и за да се затнат еретичките уста, што велат дека Христос не примил на Себе вистинско човечко тело, туку се родил само привидно. Значи, Тој беше обрезан за да стане јавно Неговото човештво.
Од Житијата на светиите од свети Димитриј Ростовски, преведено за Doxa.
Тропар
Ти, Кој седиш во висините на огненолик престол со Беспочетниот Отец и Твојот божествен Дух, благопосака, Исусе, да се родиш на земјата од Девојката што не познала маж, Твојата Мајка. Затоа беше и обрезан како осумдневен човек. Слава на Твојата седобра замисла, слава на Твојот домострој, слава на Твоето снисходење, Единствен Човекољупче.
Превод за Doxa.
Кондак
Господ на сите претрпува обрезание и, како Благ, ги обрезува човечките гревови. Денес му дарува спасение на светот. А во висините се радува и архиерејот на Создателот, светлоносниот, божествениот служител на Христовите тајни Василиј.
Превод за Doxa.
Кога е празникот Обрезание Господово во 2026?
Во 2026 празникот е на 14 јануари по стар стил и на 1 јануари по нов стил.
Кога е празникот Обрезание Господово во 2027?
Во 2027 празникот е на 14 јануари по стар стил и на 1 јануари по нов стил.




















